Проект за развој на велосипедскиот туризам

Bez autora
Feb 26 2012

Организацијата на жени од Штип започна со имплементацијата на "Проектот за развој на руралниот и планински велосипедски туризам помеѓу Бугарија и Македонијаа со развивање на руралниот туризам во овие два региона. Со реализација на проектот се очекува зголемување на локалното богатство на проектниот регион и неговата способност истото да го репродуцира со сопствени ресурси, зголемување на неговата туристичка атрактивност, зачувување на животната средина и промовирање на локалните традиции во регионот со примена на современи методи и технологии. Проектот е особено од голема корист за локалните компании од туристичкиот сектор кои преку истиот ќе можат да ги промовираат своите услуги и да ја зголемат својата понуда. Во текот на имплементирање на проектот ќе се изработи и студија на туризмот во источниот регион, како и политиките за развој на туризмот, како и студија за бизнис можностите за мали приватни инвестиции и студија за јавните транспортни врска во областа, создавање на заеднички туристички производи.

Проект за развој на велосипедскиот туризамОрганизацијата на жени од Штип започна со имплементацијата на "Проектот за развој на руралниот и планински велосипедски туризам помеѓу Бугарија и Македонијаа со развивање на руралниот туризам во овие два региона.

Со реализација на проектот се очекува зголемување на локалното богатство на проектниот регион и неговата способност истото да го репродуцира со сопствени ресурси, зголемување на неговата туристичка атрактивност, зачувување на животната средина и промовирање на локалните традиции во регионот со примена на современи методи и технологии.

- Проектот е особено од голема корист за локалните компании од туристичкиот сектор кои преку истиот ќе можат да ги промовираат своите услуги и да ја зголемат својата понуда - изјави Наташа Ицева од Организација на жени-Штип.

Во текот на имплементирање на проектот ќе се изработи и студија на туризмот во источниот регион, како и политиките за развој на туризмот, како и студија за бизнис можностите за мали приватни инвестиции и студија за јавните транспортни врска во областа, создавање на заеднички туристички производи.

Проектот за промоција на руралниот и планински/велосипед туризам меѓу Македонија и Бугарија е финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка 2007 - 2013 помеѓу овие две земји, како инструмент за претпристапна помош. Главен носител на проектот е организацијата на жени од Штип која за проект-партнер од Р. Бугарија ја има Трговско-индустриската комора од Благоевград.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik